УСЛОВИ ЗА КОРИСТЕЊЕ НА JOBFINDER.MK
JobFinder.mk е платформа на која компаниите, огласувачи, објавуваат огласи за вработување. Со истата управува Ревоит Гроуп ДООЕЛ Скопје.
ОПШТИ ОДРЕДБИ
Во понатамошните услови за користење се користат следните термини:
JobFinder.mk – е платформа односно интернет страна на која компаниите, огласувачите (Корисниците) објавуваат огласи за вработување
Корисник – е регистиррано правно лице согласно Законот за трговски друштва на Република Македонија или друго правно лице кое обавува трговска, услужна или друга дејност на територијата на Република Македонија или на територијата на други земји каде во тамошното законодавство има својство на правно лице и ги исполнува сите услови за вработување на физички лица, државјани на Република Македонија.
Посетител – е секое физичко лице кое по сопствена волја ја посетува интернет страницата на JobFinder.mk
ОГЛАСУВАЊЕ
Корисниците регистрирани на интернет сајтот на JobFinder.mk имаат својство на работодавачи односно огласувачи. По регистрацијата корисникот треба да биде одобрен од администраторот. Со самата регистрација, Корисникот се сложува и ги прифаќа правилата и условите на користење, политиката на приватност, колачиња и заштита на лични податоци.
За отпочнување со огласување Корисникот најпрво треба да закупи некој од пакетите за огласување.
Корисникот потребно е да отвори компанија каде ќе ги внесе бараните податоци за правното лице. Еден корисник може да огласува само за една компанија, а по барање кое ќе го испратат на contact@jobfinder.mk може да им се дозволи и за друго правно лице. За таа цел потребно е да се испрати тековна состојба од другото правно лице во чие име Корисникот објавува огласи и писмена потврда од другото правно лице дека Корисникот има овластување да објавува огласи во негово име. За отворорање на нова компанија и огласување за истата од еден кориснички налог треба да се плати 50% од веќе закупениот пакет.
Податоците кои ги внесува Корисникот за правното лице за кое објавува огласи за вработување мора да бидат точни и вистинити. За точноста и вистинитоста одговара Корисникот. Со цел уредување на профилот на компанијата потребно е да се додаде логото, а опционално и други мултимедијални материјали. Со самото прикачување на JobFinder.mk, Корисникот дава одобрување за користење на истите на JobFinder.mk. Корисникот објавува мултимедијални материјали за кои има право на користење. Корисникот дава и согласност за користење на името на компанијата како и логото за маркетинг целите на JobFinder и нивно реобјавување во маркетинг кампањи на JobFinder. За точноста, вистинитоста и правото на користење на мултимедијалните материјали одговара Корисникот.
По дефинирање на компанијата истата се одобрува од страна на администраторот во рок не подолг од 48 часови.
Корисниците објавуваат огласи на JobFinder.mk, а за вистинитоста на огласите за вработување и нивната точност во целост одговара Корисникот. Забрането е објавување на огласи кои се спротивни на законските регулативи во Македонија. Забрането е и објавување и прикачување на содржина која е спротивна на Законите на Република Македонија, неморална и неетичка. Со објавување на ваква содржина, JobFinder.mk има еднострано право да го блокира корисничкиот налог, а го задржува и правото за нерефундирање на средствата. Дополнително, JobFinder.mk има право да бара и надоместок за претрпена штета по угледот и репутацијата.
Корисниците имаат можност да објавуваат онолку огласи колку што следува согласно закупениот т.е. закупените пакети за огласување. Со самото закупување на пакетите за огласување, Корисникот се сложува да ги добие оние погодности кои ги нуди пакетот. Корисникот не може да бара рефундирање т.е. враќање на целосната сума платена за пакетот доколку го нема искористено во целост или во дадениот временски период на важност.
Корисникот во огласите за вработување ги наведува основните податоци за вработувањето како што се: работна позиција, локација на извршувањето на работните активности, квалификации, потребни вештини, плата итн. За точноста и вистинитоста на истите одговара Корисникот. Корисникот има право на промена на некои од податоците односно критериумите за вработување. JobFinder.mk го задржува правото на корекција (визуелна) на објавените огласи без претходно одобрение од Корисникот, но не смее да ја менува суштината на содржината, објавените податоци и информации без за тоа да има добиено барање од страна на Корисникот или пак Корисникот да одговори позитивно на барање доставено од страна на JobFinder..
Корисникот може да ги објавува огласите на македонски јазик како и на друг јазик. Притоа, тоа треба да го прави на литературен јазик водејќи сметка за евентуални печатни, граматични или друг вид на грешки.
Важноста на објавените огласи не може да биде подолга од максималната важност на огласите наведена во закупениот пакет. Важноста на објавените огласи не може да биде подолга крајниот датум на важност на закупениот пакет.
Во одние пакети за огласување каде е вклучена и ПР објава, овие објави се достатуваат од страна на корисникот на contact@jobfinder.mk. За точноста и вистинитоста на овие ПР објави одговара Корисникот. Истите не може да бидат доставени по важноста на пакетот. ПР објавите се испраќаат како готови или JobFinder може да ги изготви за што се наплаќа по договор.
АПЛИЦИРАЊЕ ЗА РАБОТА
На интернет страницата JobFinder.mk не може да се аплицира за огласите. На оваа интернет страница посетителите не може да се регистираат и истата за регистрација е достапна само за Корисниците.
Аплицирањето за работа се врши на наведените канали за аплицирање од страна на Корисникот т.е. огласувачот.
JobFinder не одговара за содржината на објавените огласи за вработување како и самите огласи. Истите се објавуваат од страна на Корисникот.
Со самата посета на интернет страната JobFinder.mk, посетителите се согласуваат на правилата за користење, условите за користење, политиката на колачиња како и политиката на приватност.
ПАКЕТИ НА УСЛУГИ И ПЛАЌАЊЕ
За користење на JobFinder.mk платформата, Корисникот е потребно да закупи еден од достапните пакети за огласување.
Цените на пакетите се изразени во денари. Истите се без ДДВ од причина што правното лице на кое се врши плаќањето не е ДДВ обврзник.
Закупениот пакет се активира најдоцна 48 часа по евидентирање на плаќањето.
Плаќањето може да се изврши преку банкарска трансакција за што се користат следните податоци на примателот.
Назив на примател | Ревоит Гроуп ДООЕЛ Скопје ул. Борис Чипан број 2, Скопје |
---|---|
Банка на примател | Универзална Инвестициона Банка АД Скопје |
Трансакциона сметка | 240050119202987 |
Плаќањето треба да се изврши од трансакциона сметка на правното лице за кое се објавуваат огласи за вработување. Со тоа се прави верификација на вистинитоста на корисничкиот налог.
По евидентирање на плаќањето ќе добиете фактура на адресата на правното лице.
Корисникот не може да бара рефундирање т.е. враќање на целосната сума платена за пакетот доколку го нема искористено во целост или во дадениот временски период на важност. Сторнирање на фактурата т.е. враќање на парите не е дозволено по објавување на оглас и/или по активација на пакетот.
Секој од пакетите содржи одредени карактеристики, функционалности и погодности кои ги добива Корсникот. Корисникот тие функционалности и погодности може да ги искористи не подоцна од важноста на пакетот. За неискористување на функционалностите и погодностите на закупениот пакет, во целост или делумно, не може да се рефундираат средства.
Доколку поради технички проблеми или виша сила, интернет сајтот JobFinder.mk не биде достапен или е достапен во делумна функционалност, сите оние кои имаат закупено пакет, рокот на важност ќе им биде продолжен за толку денови колку што сајтот бил нефункционален.
Објаснување на содржината на пакетите:
- Број на огласи – тоа е вкупен број на огласи што може да ги објави Корисникот, а кој следуваат со закупениот пакет.
- Издвоени огласи – огласи кои покрај во секцијата „Огласи“ се појавуваат и на почетната страна.
- Важност на пакетот – денови колку е со важност пакетот. По истекот на наведените денови пакетот станува неактивен, а преостанатите огласи и други погодности кои следат со закупениот пакет не може да се искористат.
- Поддршка – претставува пристап до каналите на поддршка со цел помош при користење на JobFinder платформата.
- Достапна статистика – можност преку платформата да се добие преглед за бројот на објавени огласи и бројот на вкупен и поединечен преглед на истите
- Брендиран профил за Вашата компанија – брендирана страница на Вашата компанија каде може да се прикаче лого, кавер слика, да се внесат основни податоци за компанијата како и дополнителен дескриптивен и мултимедијален материјал (слики и видео).
- Испраќање на огласите до базата на регистрирани баратели – претставува можност со која автоматски JobFinder ги испраќа огласите до сите оние баратели, активни или пасивни, кои се имаат регистрирано или за нотификации или за новости
- Објава на огласите на партнерски сајтови – можност да се објавуваат огласите на парнтерски интернет страници на JobFinder. Огласите со објавуваат како: посебен оглас на партнерскиот сајт со идентична содржина како на JobFinder, споделен оглас од JobFinder или рекламен банер
- Објава на огласите на социјалните мрежи – објава на огласите по социјалните мрежи и медиуми (Facebook страници, Facebook групи, Viber група, Linkedin и Instagram профили).
- Спонзорирани објави на социјални мрежи – број на Ваши огласи за вработување, споделени на Фејсбук профилот на JobFinder.mk и спонзорирани согласно таргет групата за вработување. Спонзорирани огласи ќе бидат оние кои ќе ги означите како издвоени при креирањето на огласите. Доколку сакате дополнителен оглас да биде спонзориран тогаш потребно е да не’ контактирате на contact@jobfinder.mk.
- ПР текстови – текстови кои ги изготвува Корисникот, а кои се објавуваат на JobFinder.mk. Истите се поврзани со самата компанија, грижата на работниците, управувањето со човечкиот капитал, условите за работа, успешни приказни и слично. Овие текстови се доставуваат на contact@jobfinder.mk не подоцна од крајниот ден на важност на пакетот. Текстовите не може да имаат над 3000 зборови и 5 фотографии (секоја од нив не поголема од 250 Kb). Во текстот може да биде објавено и видео кое ќе биде хостирано на друга страна, а во текстот embed-увано. Текстовите треба да се лекторирани и напишани на македонски јазик. JobFinder.mk го задржува дискреционото правото некои од текстовите да бидат одбиени за објава.
- Бесплатна реклама на MakedonijaDenes.mk – банер кој се добива со соодветниот закуп на пакет. Банерот не треба да е поголем од 300×250 px и истиот треба да биде изработен и доставен од страна на Корисникот на contact@jobfinder.mk. Банерот треба да биде испратен, а бесплатната реклама искористи не подоцна од крајниот рок на важност на активниот пакет врз основа на кој се добива. MakedonijaDenes.mk, а со тоа и JobFinder, може да го одбие банерот доколку смета дека содржината на истиот е недолична, е против законска и/или на било каков начин наштетува или може да наштети на угледот и репутацијата на MakedonijaDenes.mk и/или JobFinder.mk.
Во тој случај Корисникот се известува за одбивањето и може да достави нов банер. Во одредени случаи, JobFinder на Корисникот може да му понуди бесплатна реклама на друг веб-сајт наместо на MakedonijaDenes.mk. Во тој случај Корисникот може да прифати или да одбие. Доколку Корисникот не го прифати предлогот, му следува 10% рефундација на средствата од закупениот пакет врз основа на кој се здобил со правото за бесплатна реклама на MakedonijaDenes.mk. - ПР текст на MakedonijaDenes.mk – текстови кои ги изготвува Корисникот, а кои се објавуваат на партнерскиот сајт MakedonijaDenes.mk. Истите се поврзани со самата компанија, грижата на работниците, управувањето со човечкиот капитал, условите за работа, успешни приказни и слично. Овие текстови се доставуваат на contact@jobfinder.mk не подоцна од крајниот ден на важност на пакетот. Текстовите не може да имаат над 3000 зборови и 5 фотографии (секоја од нив не поголема од 250 Kb). Во текстот може да биде објавено и видео кое ќе биде хостирано на друга страна, а во текстот embed-увано. Текстовите треба да се лекторирани и напишани на македонски јазик. MakedonijaDenes.mk го задржува правото некој од текстовите да бидат одбиени за објава.
Во одредени случаи, JobFinder на Корисникот може да му понуди објава на ПР текст на друг веб-сајт наместо на MakedonijaDenes.mk. Во тој случај Корисникот може да прифати или да одбие. Доколку Корисникот не го прифати предлогот, му следува 10% рефундација на средствата од закупениот пакет врз основа на кој се здобил со правото за бесплатна ПР објава на MakedonijaDenes.mk. - Попуст на рекламирање на MakedonijaDenes.mk – попуст кој се добива за закуп на рекламен банер на MakedonijaDenes.mk. Попустот може да се искористи не подоцна од крајниот рок на важност на пакетот врз основа на кој се добива попустот. За рекламирање на MakedonijaDenes.mk, важечки се условите, правилата и политиките на интернет сајтот MakedonijaDenes.mk.
Во одредени случаи, JobFinder на Корисникот може да му понуди добивање на попуст на рекламирање на друг веб-сајт наместо на MakedonijaDenes.mk. Во тој случај Корисникот може да прифати или да одбие. Доколку Корисникот не го прифати предлогот, му следува 10% рефундација на средствата од закупениот пакет врз основа на кој се здобил со правото за попуст на рекламирање на MakedonijaDenes.mk.
Пакетите со неограничен број на огласи подразбираат фер користење на истите. Корисникот нема право да објавува огласи за друга компанија освен за онаа за која е закупен пакетот. Корисникот нема право да објавува повеќе од 1 оглас за иста позиција во исто време односно периодот на важност на огласoт не смее да се поклопи. Доколку се примети злоупотреба на погодноста за неограничен број на огласи, JobFinder најпрво го предупредува Корисникот, а потоа има и дискреционо право да го ограничи бројот на огласи кои му следат на Корисникот.
АВТОРСКИ ПРАВА, ТОЧНОСТ И ЗАШТИТА НА ПОДАТОЦИ
JobFinder.mk, логото, изгледот на интернет сајтот JobFinder.mk како и содржината се заштитени согласно законската регулатива на Република Македонија. Исгите се авторско дело и сопственост на Ревоит Гроуп ДООЕЛ Скопје и не може да се користат без претходно одобрение од страна на Ревоит Гроуп ДООЕЛ Скопје
JobFinder не гарантира за точноста на податоците и информациите објавувани од страна на Корисникот. Корисникот е одговорен за точноста и вистинитоста на објавените огласи, податоците и информациите за објавените работни места и компании. Корисникот е одговорен и за користењето и евентуалната злоупотреба на аудио-визуелните материјали кој ги користи при објавување на огласите и останатите податоци.
Сите материјални и нематеријални штети кои произлегуваат од неточните податоци, објавувањето неточни информации, користењето на аудио-визуелни материјални за кои нема право Корисникот и слично, ги подмирува Корисникот.
JobFinder не одговара на ниту еден Корисник за било каков вид на штета при користењето на JobFinder.mk односно платформата. Со користење и посета на истата, Корисниците, но и Посетителите се одрекуваат од барање на било каков надомест за штета што би можела да се нанесе.
Доколку поради хакерски напад, друг серверски и технички проблем или пак виша сила, дел од податоците и огласите објавени на JobFinder се изгубат т.е. не се во можност да се вратат, JobFinder не сноси одговорност.
За Корисниците и Посетителите важат подеднакво политиките на приватност, заштита на податоци и политика на колачиња.
ИЗМЕНИ И ДОПОЛНУВАЊА
JobFinder го задржува правото на измена и надополнување на условите и правилата на користењето на платформата JobFinder.mk без претходно известување за истото.
ЗАВРШНИ ОДРЕДБИ
За било кој спор кој ќе произлезе од соработката или работењето на интернет сајтот JobFinder.mk се предлага да се реши во меѓусебна комуникација. Доколку истиот не може да се реши во духот на добрата соработка, надлежен е Основен Суд Скопје.
ДОПОЛНИТЕЛНИ ПРАШАЊА
За дополнителни прашања контактирајте не’ на contact@jobfinder.mk
Датум на последно ажурирање: 10 септември 2024 година
Прочитај и’ Политика на приватност, заштита на податоци и политика на колачиња